
Куп на Македонија: „Лавовите“ ќе го бранат пехарот против Вардар!
Бранителот на пехарот, Македонија Ѓорче Петров ќе вкрсти против Вардар. Работнички доби тешка задача против Шкендија, ланскиот финалист, Струга ТЛ ќе оди на езерско дерби против Воска, додека Брера ќе треба да го мине незгодниот гостивар, ако сака да продолжи меѓу најдобрите осум.
Осминафиналната фаза се игра во еден натпревар, без реванши, а закажана е за 25 октомври
КУП НА МАКЕДОНИЈА, ОСМИНАФИНАЛЕ
Вардар – Македонија Ѓ.П
Брегалница – Јанг Тим Струга
Работнички – Шкендија
Силекс – Башкими
Пелистер – Тиквеш
Бера – Гостивар
Шкупи – Охрид
Воска – Струга