Брера го надигра Пелистер, ремизираа Брегалница и Македонија ЃП

Како дел од подготовките за новата сезона и денеска се одиграа пријателски средби меѓу македонските клубови од Прва и Втора лига.

По низа од четири нерешени исхода, Брера Струмица го запиша првиот триумф и тоа со 2-1 против второлигашот Пелистер. Крстевски ја сочува победата во Струмица дури во 94. минута, откако претходно Брера водеше и со 1-0.

Без победник одиграа Брегалница и Македонија Ѓорче Петров, 1-1, а головите паднаа во првото полувреме. Ова е петти пријателски меч за Брегалница, по две победи и по едно реми и пораз. Македонија Ѓорче Петров, пак, го одигра и осмиот меч во овој летен период, вклучувајќи ги и дуелите од квалификациите во Конференциската лига, без да забележи победа. Има шест порази и две нерешени.

Тетекс ја совлада Саса со 4-2, а Тиквеш го освои меморијалниот турнир „Вуко Каров“ во конкуренција на Гостивар и на Кожуф.