Гвардиола: Некој во Барса не му ја кажал вистината на Чави

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола вели дека во ниту еден момент не го блокирале трансферот на Жоао Кансело во Барселона и додава дека раководството на „каталонците“ не му ја кажале вистината на Чави.

Чави неодамна изјави дека Барса во јануари се обидела да го донесе Жоао Кансело, но Манчестер Сити одбил да договори зделка со нив, па играчот завршил во Баерн Минхен.

Сепак, Пеп Гвардиола сега излезе со сосема поинаква приказна и вели дека Барселона никогаш не доставила понуда.

„Не му ја кажале вистината на Чави“, вели тренерот на Манчестер Сити.

„Одлучивме дека Жоао треба да замине и воопшто не ни беше грижа каде ќе оди, па дури и да се пресели во Манчестер јунајтед, нашиот градски ривал“.

„Не велам дека некој го излажал Чави, едноставно не му ја кажале вистината. Жоао се пресели во Баерн бидејќи Баерн го сакаше. Не добивме понуда од Барса“.