Наполи сака повеќе од двојно да му ја зголеми платата на Кварацхелија, но и тоа изгледа малку

Наполи сака да му понуди нов долгогодишен договор на Кварацхелија со повеќе од двојно зголемена плата.

Грузискиот фудбалер е најпријатното изненадување во фудбалот во изминатата сезона, тој беше еден од клучните играчи за титулата на Наполи.

Наполи го купи за само 11 милиони евра, а неговата вредност на пазарот сега е повеќе од 70 милиони евра.

Според актуелниот договор Кварацхелија заработува само 1 милион евра годишно, Наполи сака да му понуди договор со годишна плата од 2,5 милиони евра по сезона.

Сегашниот договор му истекува во јуни 2027 година, а новиот би траел до јуни 2028 година.

Се верува дека има клубови кои би му понудиле многу поголема плата од тие 2,5 милиони евра, но тешко е дека Наполи ќе го пушти да си замине.