Големите Интер и Јувентус ја губат трансфер-битката со малиот Брајтон!

Сон на речиси секој фудбалер во моментов е да биде дел од Премиер лигата, која важи за најсилна во светот, поради што многумина од нив би прифатиле понуда на некој просечен англиски прволигаш, отколку од некој великан од другите држави.

Најдобар пример за ова е трката по потписот на Давиде Фратези од Сасуоло, кој и покрај интересот на гиганти како Интер и Јувентус е на добар пат кариерата да ја продолжи во „малиот“ Брајтон. Премиерлигашот за неговите услуги нуди 40 милиони евра и тоа на барање на менаџерот Роберто де Зерби, што е преголема сума за екипите од Милано и Торино.

Брајтон сезонава игра одлично и на коло до крајот го има обезбедено шестото место на премиерлигашката табела, кое, пак, носи пласман во Лига Европа следната сезона.