Ферари му нуди 40 милиони фунти на Хамилтон!?

Еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, Луис Хамилтон би можел да ја продолжи кариерата во Ферари, кој наводно му понудил 40 милиони фунти.

Англиските медиуми пишуваат дека Хамилтон е разочаран од Мерцедес оваа сезона и затоа размислува да се пресели во редовите на големиот ривал.

Ферари веќе разговарал со Хамилтон и му ја испратил понудата од 40 милиони фунти, а наскоро ќе биде познато дали седумкратниот светски првак ќе се пресели во италијанската екипа која нема најдобри резултати со Шарл Леклер и Карлос Саинц.