Подарок за вечност: Модриќ расплака девојче со хрватско знаме – од радост (ВИДЕО)

Екипата на Реал Мадрид синоќа дојдоа до трофејот во Купот на Кралот, откако во големото финале ја совладаа Осасуна (2-1), во меч во кој по подолга пауза поради повреда во тимот се врати хрватскиот волшебник, Лука Модриќ.

По мечот во Севилја, најупорните навивачи на „кралевите“ ги чекаа своите миленици пред хотелот во кој беа сместени, а меѓу нив имаше и девојче со хрватско знаме. Токму таа вечно ќе ја памети оваа вечер поради подарокот кој сигурно никогаш нема да го загуби.

Таа беше забележана од Модриќ, кој на излегување од автобусот ѝ го подари својот дрес, со што предизвика солзи радосници кај неа.