Шампионот Бањаја победнички ја почна одбраната на круната во Мото ГП

Актуелниот шампион во Мото ГП, Франческо Бањаја со триумф тргна во одбрана на круната, откако денеска победи на воведното гранпри во Португалија, триумфирајќи пред Марк Вињалес.

Итлаијанецот Бањаја, возач на Дукати, кој вчера победи и на првиот спринт во Мото ГП, беше претркан од Марк Маркез и Жорге Мартин, но овој двоец во третиот круг, на третиот свиок имаше колизија, а Маркез се судри со Мигел Оливеира, па шампионот го презема водството и до крај не го испушти.

Колку и да се трудеше Вињалес да го стигне сите обиди беа безуспешни, па на крај Бањаја победи со 0,687 секунди, додека подиум со трето место обезбеди дебитантот Марко Брацеки.

Јохан Зарко го освои четвртото место, петти беше Алекс Маркез, а бодови освоија и Брад Биндер, Џек Милер, Фабио Керетаро, Алекс Еспергаро и Алеш Ринс.