Дончиќ доби жестока казна за скандалозниот потег кон судиите (ВИДЕО)

НБА-лигата му изрече казна на словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ од 35.000 долари поради неговиот скандалозен потег на мечот меѓу Далас маверикс и Голден Стејт вориорс.

Дончиќ ќе мора да плати 35.000 долари затоа што со неговиот потег гестикулираше дека судиите се потплатени.

Словенецот оваа сезона во просек постигнува по 32,9 поени, 8,6 скокови и 8,2 асистенции по натпревар.