
Конте „распука“ по своите фудбалери: Со ваков дух може да се бориме за 10. место!
Италијанецот без милост удри по своите фудбалери и ги критикуваше за лошиот настап против Саутемптон.
„Тотнем е навикнат на ова ниво. Тие не играат за ништо важно. Не сакаат да играат под притисок и стрес. Лесно е на овој начин. Им кажав дека сакам да видам нешто во нивната игра, но не видов ништо. Со овој дух, може да се бориме за 10. место. Не сум навикнат да бидам во ваква позиција. Навистина сум вознемирен и секој мора да преземе одговорност“, кажа Конте.