Канаѓанка постави светски рекорд во ски-скокови – леташе 222 метри! (ВИДЕО)

Канаѓанката Александриа Лути постави нов светски рекорд во ски-скокови и тоа за цели 19 метри откако леташе 222 метри во норвешки Викерсунд, со третата серија од тренингот.

Лути го урна досегашниот рекорд на Словенката Ема Клинец од 203 метри, која во втората серија од тренинзите леташе на оваа дистанца и стана прва скокачка која успеала да прелета 200 метри, а потоа во третата серија за едно метро скокна послабо и го има вториот најдобар резултат од 221 метар.

Инаку уште две ски-скокачки прелетаа преку 200 метри, Марен Лундби со 212,5 метри и Јуки Ито со точно 200 метри.