Обрадовиќ бесен и по триумфот: Победивме, ама премногу сме – глупави!

Кошаркарите на Партизан како гости го совладаа големиот ривал Црвена Звезда (79-78) во второто евролигашко градско дерби, со што се реваншираа за поразот во првиот дел од сезоната на домашен терен.

Но, по средбата, тренерот Жељко Обрадовиќ делуваше ептен бесно, пред се поради тројката што неговите играчи ја примија со звукот на сирената. Немања Недовиќ погоди само за да го намали водството, но тоа не остана незабележано од црно-белиот стратег.

„Победивме, ама глупави сме, премногу сме глупави. Вака загубивме голем број натпревари во Евролигата“, изјави Обрадовиќ.

Најтрофејниот европски тренер беше бесен поради фактот што со навидум неважната тројка на Недовиќ (види ТУКА), Црвена звезда дојде до подобра кош-разлика во меѓусебните средби, со оглед што првиот меч го доби со 79-76. Ова значи дека црвено-белите би биле подобро пласирани на крајот од регуларниот дел од сезоната во Евролигата во случај двата тима да завршат со ист број бодови, како што е сега со оглед што и едните и другите белграѓани имаат скор 10-11.