Марокански портал предизвика бура – обвини член на А-тимот дека е радикален исламист!
Порталот објави вест со наслов „Абухлал, салафист инфилтриран во репрезентацијата“, вест која предизвика жестоки реакции, а кралскиот марокански сојуз најави тужба за оваа вест, која подоцна беше избришана.
Станува збор за Закарија Абукхлал, 22-годишниот напаѓач на француски Тулуз кој го даде голот за да се запечати победата против Белгија со 2-0 во групната фаза. Абукхлал според порталот е член на радикалното крило во исламот – салафизам, а приврзаниците се нарекуваат селефисти или селефији. Инаку Абукхлал е доден во Гронинген (Холандија) и пред да почне да игра за Мароко, беше член на младинските селекции на „лалињата“.
За Мароко игра од 2020 година и досега има 17 настапи. Кралската федерација објави дека обвинувањата кон фудбалерот се апсолутно лажни и потенцираше дека сите фудбалери оставиле вистински пример како треба да се однесува еден спортист и човек, а притоа покажале како сите треба да се борат за националниот тим.