Романо потврди: Реал Мадрид ја доби битката за новото фудбалско чудо од Бразил!
Станува збор за 16-годишен тинејџер, кој веќе дебитира за првиот тим на Палмеираш и кој на дебито за сениорскиот тим постигна два погодоци. Неговиот талент е огромен, а од него се очекува многу, поради што во игра за неговиот потпис беа уште и ПСЖ, Барселона и Челси, кој дури му понуди првотимски статус.
Реал Мадрид за Ендрик ќе плати загарантирани 60 милиони евра, а сумата би можела да скокне за дополнителни 12 милиони. Единствена непознаница засега е фактот дали тој веднаш би се преселил во Мадрид или, пак, би останал на позајмица во Палмеираш додека не стане полнолетен по што би им се приклучил на „кралевите“.