Роналдо бара од Јувентус да му исплати 19,9 милиони евра
Јувентус се наоѓа во тешка ситуација откако неодамна цело раководство на чело со Андреа Ањели се повлече од екипата, а сега нов удар за „бјанконерите“ ќе биде тоа што Роналдо бара 19,9 милиони евра.
Португалецот го бара тој износ на пари кој му го должи Јувентус поради пандемијата на ковид-19, кога Роналдо се согласил да добива помала плата, но по надминување на кризата со вирусот да му бидат исплатени сите средства.
Јавното обвинителство на Италија исто така ги истражува лажните сметки на клубот и истрагата треба да покаже дали клубот правел малверзации.