Меси: Марадона сега ќе беше среќен

Откако синоќа ја завршија првата мисија и обезбедија место во осминафиналето, Меси се потсети и на легендата на аргентинскиот фудбал, Диего Марадона.

Аргентина имаше лош старт на Светското првенство откако загуби од Саудиска Арабија, па мечевите со Мексико и Полска мораа да ги добијат.
 
Го направија тоа, мисијата им беше успешна, а по вчерашниот натпревар Меси се сети на починатиот Марадона.
„Диего ќе беше среќен. Тој отсекогаш беше среќен за убавите ракоби кои се случуваа на аргентинскиот национален тим, се радуваше и на сите мои успеси. Отсекогаш беше близок, приврзан“, изјави Меси.