Ноќен живот и забава: Георгина оставала без здив и во младоста (ФОТО)

Георгина Родригез е една од најзгодните жени во светот, а веќе шест години е главна тема во медиумите поради нејзината љубовна врска со Кристијано Роналдо, која ѝ помогна дополнително да се прослави.

Атрактивната избраничка на Роналдо реши да објави фотографии од младоста и притоа призна дека уживала во ноќниот живот и забавите, а на сликите може да се забележи дека и тогаш машките срца трепереле поради нејзината убавина.