Гостивар го освои Охрид и остана единствен непоразен, Воска со спорниот пенал до победа!
Антонио Каланоски во 26-та минута и Стојанчо Велинов во 75-та минута постигнаа два гола со кои гостиварци дојдоа до деветата победа сезонава во 12 меча и сега имаат 30 бода со меч повеќе од Вардар, кој е на 28..
Воска спорт го победи Арсими и повтрно контроверзно откако судиите измислија пенал за водство, па охриѓани на крајот славеа со 2-1 против дебитантот во второлигашката конкуренција за да се зацврстат на третото место, сега со 27 бода во трката за позициите кои водат во прволигашкото друштво.
Изаир Емини погоди од спорниот пенал што го обезбеди Ален Јашароски, а Бехар Фета ја завери победа за Воска.
Охрид со поразот остана четврти со 22 бода, додека Арсими со 13 бода остана во втората половина од табелата на 10-та позиција.