Теодосиќ се прости од Србија со кафанска журка и јасна порака (ВИДЕО)

Долгогодишниот капитен на кошаркарската селекција на Србија, Милош Теодосиќ после 15 години во националниот тим вчера беше пречкртан од селекторот Светислав Пешиќ за претстојниот Евробаскет, па тој со кафанска журка се збогува од селекцијата со песна која има јасна и директна порака кон селекторот за неговото изоставување.

Насловот на песната е „Еден ден ќе жалат многуумина што повеќе ме нема...“, а „Моцарт го објави видеото од збогувањето на виртуозот со портокаловата топка од националниот дрес.