Синот на Петар Наумоски потпиша за - Напредак од Алексинац!

Синот на легендарниот македонски кошаркар, Петар Наумоски, Адријан, следната сезона ќе игра во српската кошаркарска лига за тимот на Напредак од Алексинац, кој влезе во тоа натпреварување минатата сезона.

Адријан е роден во Тревизо (Италија) во 2001 година, додека неговиот татко играше за Бенетон. Тој е висок 196 сантиметри, а своето сениорско деби го имаше минатата сезона во дресот на Вардар. Тој има одиграно пет натпревари за клубот во македонската лига, а сега се сели во Напредак од Алексинац.

Овој бек, кој е повозрасен од двете деца кои ги има Наумоски, беше член на младите репрезентации на Македонија, но оваа година лето не го помина во младите репрезентации.

Инаку, неговиот брат, Михаил, во иднина ќе настапува за селекцијата на Италија, откако селекторот на „Азурите“ го стави на списокот за кадетската репрезентација на оваа земја.