Шест години, седум пехари: Давитков си заминува од Кувајт!

Поранешниот македонски селектор Јорданчо Давитков по шест години на печалба во Кувајт во тамошниот Кадсија со кој освои седум пехари си заминува од овој клуб, откако пандемијата со коронавирусот ја прекинува неговата авантура на Блискиот исток.

Давитков беше тренер на Кадсија во два мандати, прво од 2008 до 2011 година, а потоа од 2017 до оваа година и во тој период освои седум трофеи – четири шампионски титули, два национални купови и еден интернационален трофеј на заливскиот куп.

„После шест години во Кадсија и седум пехари, време е за збогум. Благодарност до раководството, навивачите, стручниот штаб и играчите“, објави Давитков.

Тој до лани паралелно беше селектор на Македонија и ја тренираше Кадсија, но по смената на раководството во кошаркарската федерација дојде и неговата смена од кормилото на националниот тим.