Рубио стана најдобар асистент во историјата на СП

Шпанија денеска се пласираше во полуфиналето на Мундобаскетот, откако успеа да ја совлада Полска со 90-78, а еден од најдобрите кошаркари во победничкиот тим беше Рики Рубио со 19 поени и девет асистенции.

Рубио со неговиот учинок на денешниот меч се запиша во историјата, откако стана најдобар асистент на Светските првенства.

Пабло Приџони претходно беше на лидерската позиција со 106 асистенции од 24 настапи, но Рубио денеска успеа да го урне тој рекорд по 22 одиграни меча.

„Чест ми е да бидам споменуван заедно со еден од моите најголеми идоли. Јас играв против него неколку пати и научив многу работи. Да се биде во иста категорија со него е голема чест“, порача Рубио.