Познати се сите селекции кои ќе играат квалификации за ОИ 2020

Светската куќа на кошарката (ФИБА) ги објави сите 24 репрезентации кои преку квалификациски турнири ќе се борат за место на Олимписките игри во Токио 2020 година. 

Седум репрезентации директно се пласираа на олимпискиот турнир, а тоа се САД, Шпанија, Франција, Аргентина, Австралија, Иран, Нигерија, а осмата селекција која директно ќе игра е домаќионот Јапонија.

Преостанатите четири места на Олимписките игри треба да се пополнат преку четирите квалификациски турнири, кои треба да се одржат од 23 до 28 јуни 2020 година. Овие репрезентации ќе играат на квалификациските турнири, од Европа, тука се Србија, Хрватска, Словенија, Чешка, Германија, Италија, Грција, Литванија, Полска и Русија. Од Азија и Океанија, Кина, Јужна Кореа и Нов Зеланд, потоа од Африка, Ангола, Сенегал и Тунис, а од Јужна и Северна Америка, за место на Олимписките игри ќе се борат, Канада, Мексико, Порторико, Доминиканска Република, Бразил, Уругвај и Венецуела. 

Процесот на аплицирање за организација на турнирите ќе биде отворен наскоро. Победниците од четирите турнири ќе се пласираат на Олимписките игри.