По катастрофата, сега сите сакаат да играат за САД: Дрим - тимот е „подготвен“ за Токио!

Катастрофата која им се случи на неодамна завршеното Светско првенство во Кина беше вистинска шлаканица за селекцијата на САД.

Седмото место за избраниците на Грег Попович има свои објективни и субјективни причини, а сигурно еден од најголемите факти е тоа што повеќе од 30 кошаркари го откажаа својот настап за репрезентацијата.

Јасно е дека најголемите НБА ѕвезди не ги интересира Мундобаскетот во однос на  Олимписките игри, каде во Токио најверојатно ќе се појават во најсилен состав. Овој пат, Попович ќе има тешка задача да одбере 12 играчи од толку многу суепрsвезди.

До сега своето учество на Олимпијадата го потврдија Стеф Кари, Клеј Томпсон, Дрејмонд Грин, Демјан Лилард, Кемба Вокер, Донован Мичел..., но исто така се очекува на овие играчи да им се придружат и Леброн Џејмс, Каваи Ленард, Џејмс Харден, Кевин Дурант, Ентони Дејвис, Пол Џорџ, Кијри Ирвинг...