Пешиќ урлаше и пцуеше на тајм-аут по ужасниот почеток на Србија (ВИДЕО)

Србија имаше катастрофален почеток на мечот против Австралија, па во еден момент негативата изнесуваше 24 поени, а тоа ептен го налути селекторот Светислав Пешиќ.

Пешиќ повика тајм-аут, по што урлаше на цел глас и пцуеше затоа што неговите кошаркари се лоши на теренот.

Српскиот селектор им замери на кошаркарите затоа што не прават прекршоци и им дозволуваат на ривалите да постигнуваат лесни поени.