НБА-блокада на Димитријевиќ, Вајли со „постер“ против Реал Мадрид (ВИДЕО)

Двајца македонски репрезентативци се најдоа во изборот на најдобрите седум потези од изминатото коло во шпанската Ендеса лига. 

Кошаркарот на Хувентут, Нено Димитријевиќ се најде на седмото место со фантастичната „банана“ против Уникаха во стилот на Леброн Џејмс. Вториот македонски репрезентативец, Џејкоб Вајли, кој ги брани боите на Сарагоза, се најде на третото место во изборот откако имаше фантастично забивање за „постер“ против Реал Мадрид.