Младинската репрезентација на Македонија загуби од Исланд со 87-116 на Европското првенство (ЕП) во Полска и по само една година помината во елитата се враќа во Б-дивизијата.

Македонија тотално разочара на ова првенство бидејќи досега претрпе шест порази на шест натпревари, сите двоцифрени. Денеска се држеше речиси едно полувреме, односно до 38-38 на помалку од две минути пред крајот на втората четвртина.

Исланд го скрши отпорот на македонските репрезентативци и направи серија од 8-0 која ја продолжи во третиот период со уште еден кош и многу брзо отиде на двоцифрена предност.

Македонија во продолжение од средбата не успеа да се врати во резултатска неизвесност, а Исланд го полнеше нашиот кош и а крајот триумфира со 116-87.

Андреј Шошкиќ со 19 поени беше најефикасен во македонската репрезентација, Јовановиќ додаде 17, а Иванов 15.

Последниот натпревар на турнирот Македонија го игра против поразениот од дуелот меѓу Гора или Турција.