Приштина стана „ветена земја“ за македонските репрезентативци!

Дури четворица македонски кошаркарски репрезентативци, кои веќе настапија за најдобриот жолто-црвен дрес или се наоѓаа(т) на поширокиот список на селекторите, следната сезона ќе играат во косовското првенство и тоа во дресот на некогашниот јдобар тим во оваа земја, Сигал Приштина.

Пред неколку дена договорот со овој клуб го обнови Лејсон Зекири, кој лани беше во комбинација за средбите со Шпанија и Украина, но одби да се појави на подготовките бидејќи не сакал да игра за Македонија, како и неговиот постар брат Јетмир. Деновиве беше официјализиран и трансферот на Валмир Какруки, кој има три настапи во репрезентативниот дрес, во Сигал Приштина, исто како и Резарт Мемет, новото име во поширокиот список на селекторот Александар Јончевски.

Овие четворица всушност се и единствените македонски кошаркари кои засега имаат ангажман во странски клуб од елитната европска дивизија, заедно со Ненад Димитријевиќ, кој во моментов има договор со Валенсија, со можност во следниот период да направи трансфер во друг клуб. Во Косово следната сезона ќе работи и Дарко Радуловиќ како тренер на Башкими.