„Ќе сториме сѐ за да им се реваншираме на Шпанците за поразот на ЕП 2011!“

Македонската кошаркарска репрезентација против актуелниот првак Шпанија ќе го почне дебитантскиот настап во квалификациите за СП 2023, средбата која ќе се одигра в петок во „Јане Сандански“ со почеток во 19.30 часот.

Ова ќе биде втор официјален дуел на жолто-црвените против актуелниот светски шампион, со кого ги одмеривме силите пред десет години во полуфиналето на ЕП 2011 во Литванија. Тогаш, „црвената фурија“ предводена од фантастичниот Карлос Наваро, нѐ победи со 92-80, што ќе биде дополнителен мотив за сегашната генерација предводена од селекторот Драган Бајиќ.

„Не чувствуваме никаков притисок, тоа е најважно за нас. Играме против актуелен светски првак, но и покрај тоа ќе дадеме сè од себе да дојдеме до позитивен резултат за нас. Следниот меч ни е со Украина, потоа и Грузија, таму ги гледаме шансите и се надевам дека ќе бележиме позитивни резултати. Репрезентацијата е предизвик за секој од нас, а враќањето на Дамјан Стојановски е голем плус. Ќе се бориме да имаме добри резултати и да носиме успеси. Се надевам дека ќе дојде и публиката да ни даде поддршка, а ние, ако ни се даде шанса, ќе пробаме да им вратиме за оној пораз во полуфиналето од пред десет години“, изјави Николов.

По овој историски дуел, Македонија одигра уште четири дуели против Шпанија, сите од пријателски карактер и сите со идентичен епилог – победа на нашиот противник.