Кампацо по победата против Србија: Не сме задоволни, мора да продолжиме понатаму!

Аргентина вчера ја изненади Србија во четвртфиналето на Светското кошаркарско првенство, откако славеше со 97-87.

Кошаркарот на Аргентина, Факундо Кампацо вели дека тие не се задоволни со победата против Србија, па се надеваат на уште поголеми успеси.

„Го почитувам Александар Ѓорѓевиќ. Ние ја победивме Србија и треба да уживаме во тоа. Меѓутоа, мора да продолжиме, зашто не сме задоволни само со овој триумф“, порача Кампацо.