Какруки: Ќе дадеме сè од себе за победа над Ирска, верувам дека сме подобар тим!
Репрезентативецот на Македонија, Ваљмир Какури ги сподели своите очекувања за натпреварот против Ирска.
„Супер ги минавме подготовките. Имавме два контролни натпревари со Бугарија и можам да кажам дека сме подготвени за следниот меч со Ирска во претквалификациите. Ни требаше малку време да се запознаеме сите подобро, но мислам дека периодот што го поминавме заедно беше доволен за да се подготвиме за следните предизвици. Факт е дека половина од тимот ќе биде нов, но нашиот фокус е кон натпреварот со Ирска. Ќе дадеме сè од себе да победиме и ќе играме максимално ангажирано. Се надевам на победа, затоа што верувам дека сме подобар тим од ривалот кој ни доаѓа во Скопје “, вели Какруки.
Натпреварот од петтото коло во претквалификациите меѓу Македонија и Ирска се игра утре од 18 часот.
Фото: КФМ