Јакимовски му одржа лекција на синот на Леброн

Вашингтон Стејт Универзитетот оствари нова победа во НЦАА, а меѓу најзаслужните за тоа е македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски.

Тој беше најефикасен во својот тим со 18 поени, вклучувајќи четири тројки и додаде уште пет скока во триумфот против УСЦ (Универзитет Јужна Калифорнија). За Вашингтон Стејт, ова беше 22. победа со која продолжи да ѝ дише во врат на Аризона која е лидер во Конференцијата.

Во составот на противничката екипа беше синот на Леброн Џејмс, Брони кој за 12 минути на теренот постигна само два поена и направи четири лични грешки, две од нив над Јакимовски кој постигна и една тројка преку него.