Историja за Канада – преку Американците до бронза на Мундобаскетот!

Канада е бронзена на Светското кошаркарско првенство, прв историски медал за оваа земја, откако преку САД дојдоа до голема победа во „малото финале“ со 127-118 по продолженија, после трилер завршницата во која Американците се извадија во последна секунда за да не загубат во регуларните 40 минути.

Дилон Брукс и Шај Гилџус-Александер заедно дадоа 70 поени, а со 17 тројки Канаѓаните ја трасираа победата во која дојдоа до најголемиот свој кошаркарски успех во историјата, во мечот во кој уште од првата четвртина дојдоа до двоцифрена предност, која Американците во вториот период ја достигнаа, поведоа, но Канада на полувреме замина со предност, а во третиот период повторно ја достигнаа двоцифрената предност.

И константно беа во водство до завршните пет минути во кој САД со две тројки ја стопи предноста, успеа да поведе, но застана. Од 107-106, Канада даде пет поени за 111-107 и во последниот напад, Микел Бриџис погоди едно слободно фрлање, па на второто намерно промашено, ја фати топката и со тројка избори продолженија.

Но, во дополнителните пет минути, Канада беше порасположена, на Американците им дозволија само седум поени и на крајот заслужено победија.

Брукс заврши со 39 поени, четири скока и пет асистенции, а Гилџус-Александер додаде 31 поен со шест скока и 12 асистенции. Ер-Џеј Барет додаде 23 поени во победата.

Кај Американците, Ентони Едвардс со 24 поени и Остин Ривс со 23 поени беа најефикасни, а Бриџис додаде 19.

Од 14.40 часот е големото финале за светската титула Србија – Германија.