Ѓорѓевиќ загрижен: Уште еден српски кошаркар се повреди!

Селекторот на Србија, Александар Ѓорѓевиж беше загрижен по победата против Турција од 87-72, поради повредата на Драган Милосављевиќ.

Бекот на српската репрезентација веднаш беше однесе на магнетна резонанца.

„Тешко е да се зборува за кошарка по ваков меч. Сите мисли ни се насочени кон Милосављевиќ, со надеж дека повредата не е тешка. Што се однесува до натпреварот, мислам дека поради добрите одбрани стигнавме до победа“, вели Ѓорѓевиќ.