Фенербахче со емотивна порака се прости од Перо Антиќ! (ФОТО)

Македонскиот кошаркарски интернационалец Перо Антиќ вчера потпиша договор со белградска Црвена звезда што значеше крај на двегодишниот престој во турски Фенербахче, каде што минатата сезона ја освои третата европска титула во кариерата.

Колку Македонецот значел за екипата од Истанбул, со своите играчки, но и човечки карактеристики, говори и начинот на кој турскиот гигант се прости со него и тоа со емотивна порака објавена на официјална интернет страница.

„Перо Антиќ на Фенербахче му се приклучи во 2015 година и му помогна на тимот да ја освои Евролигата, двапати Суперлигата, еднаш турскиот Куп и Претседателскиот Куп во двете сезони. Тој до последен атом се бореше за овој дрес, со што стана миленик кај фановите. Затоа ќе го паметиме по неговите амбиции и неговите победи на теренот. Му се заблагодаруваме на Перо за неговиот труд потрошен во овој тим и му посакуваме голем успех во неговата кариера“, напиша Фенербахче.