Емил Рајковиќ влезе во историјата на една од најсилните лиги во Европа!
Македонецот е само шестиот стратег од постоењето на оваа лига што успеал да оствари троцифрен број успеси, со што неговото остварување добива уште поголема димензија.
Рајковиќ до завидната бројка победи во ВТБ дојде предводејќи ги екипите на Астана, Автодор и на ЦСКА Москва. Во оваа конкуренција настапува веќе шест години, а зад себе има две признанија за тренер на годината и тоа во 2019 и во 2023 година.