Драган Бајиќ и официјално е нов селектор на Македонија!

Челниците на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) денеска и официјално ја потврдија шпекулацијата дека српскиот тренер, Драган Бајиќ и официјално седнува на селекторската клупа на македонскиот национален тим.

Пред почетокот на денешната прес-конференција, тие на новинарите им доставија биографија со најголемите „успеси“ на новиот шеф на струката на жолто-црвените. Тие се поврзани со тимот на Игокеа, каде што работи речиси цела кариера, како еден освоен куп-трофеј со единственот останат клуб каде што работел, бугарско Черно Море.

Станува збор за темпераментен тренер, познат по жестоките тајмаути на кои вика и пцуе по своите играчи, кој досега никогаш не бил во функција на селектор : Бајиќ во 2013 година беше избран за тренер на годината во АБА, признание кое би можел да го освои и оваа сезона.