
Дончиќ против Вембањама, лесна група за Јокиќ и другарите на ЕП 2025 (ФОТО)
Денешната ждрепка за претстојниот Еуробаскет се одржа во Рига и ги одреди групите за натпреварувањето што ќе се игра од крајот на август до почетокот на септември. Најдобар распоред добија Никола Јокиќ и другарите со оглед што селекцијата на Србија ќе игра во Летонија со Естонија, Португалија, Чешка, Турција и домашната репрезентација.
Актуелниот светски првак Германија доби многу потежок распоред, бидејќи падна во групата во Тампере каде што ќе игра против домаќинот Финска, како и против Литванија, Шведска, Велика Британија и Црна Гора. Групата Ц носи возбудлив дуел и тоа против бранителот на титулата Шпанија против Грција на Кипар.
Во нокаут-фазата ќе се пласираат најдобрите четири екипи од секоја група, а завршниот дел од првенството ќе се одржи во Рига.