Димитријевиќ со историската партија му донесе отказ на сонародникот Рајковиќ!

Најдобриот македонски тренерот во моментов, Емил Рајковиќ, беше човекот кој ја водеше ЦСКА Москва во најтешките моменти во историјата на клубот, кога „црвената армија“ не можеше да игра на меѓународна сцена, кога не беше особено исплатливо да се градат врвни тимови, па поради тоа и немаше големи резултати.

Московјани минатата сезона не ја освои титулата, а со неодамнешниот пораз на гости кај Уникс Казан беше изгубено првото место на табелата, поради управата не дочека да му заврши договорот и денеска ја прекина соработката со Македонецот.

„Ова не беше лесна одлука, пред се поради тајмингот. Не се случува често клубот да менува тренер една недела пред плеј-офот. Исто така, изградивме исклучителни човечки и професионални односи со Емил. Но, животот покажа дека на тимот му е потребна итна и сериозна промена“, изјави Андреј Ватутин, првиот човек на ЦСКА.

Главен „виновник“ за отказот на Рајковиќ беше неговиот сонародник, Ненад Димитријевиќ, кој со 40 поени, шест скока и девет асистенции беше убедливо најзаслужен за триумфот на Уникс, со што индиректно го замени својот сонародник – Рајковиќ. Негов наследник е грчкиот стратег Андреас Пистиолис, кој работел осум години е во ЦСКА како помошник. Има пет титули во Евролигата, три под водство на Жељко Обрадовиќ во Панатинаикос, две под Димитрис Итудис во ЦСКА.

Московјани потврдија дека со Рајковиќ од Москва заминуваат и помошниците Марко Величковиќ и Сашо Тодоровски, кои работеа со него и во Работнички.