Дебакл на јуниорките со 66 разлика, во две четвртини не дадоа ни поен!

Женската јуниорска репрезентација на Македонија до 18 години доживеа вистински дебакл во пресметката со врсничките од Словенија, откако за 40 минути успеаа да дадат само 22 поени и да загубат со 66 поени разлика (22-88) во мечот на кој во две од четирите четвртини не дадоа ни поен и останаа на нула.

Дека ни се спрема бродолом најава беше ужасната прва четвртина во која не го видовме кошот, па не успеавме да погодиме ниту еднаш и Словенките стигнаа до убедливи 34-0, а првиот кош успеавме да го дадеме во втората минута од вториот период, па на крајот не ни беше изненадувачки убедливиот пораз со 66-разлика.

Да не застане само на убедливите 34-0 во првиот период, македонските јуниорки ужасниот настап го надополнија без даден кош и во последната четвртина која ја завршија со негатива 0-30.

Марија Димитриевиќ со седум поени од 22-та севкупно на нашата селекција беше најефикасна.