ЦСКА направи спектакл од пристигнување на Рајковиќ во Москва (ВИДЕО)

Најдобриот македонски тренер во моментов, Емил Рајковиќ, денеска ќе ја има официјалната промоција како предводник на рускиот гигант ЦСКА Москва, што е еден од најголемите трансфери во историјата на македонскиот спорт.

Досега ниту еден наш стратег во ниту еден елитен клупски спорт не седел на клупата на осумкратен европски шампион, нешто што му успеа на поранешниот селектор на младинската репрезентација, по фантастичните сезони во ВТБ-литата со Астана и Автодор. Дека во ЦСКА очекуваа многу од Емил покажува и специјално направеното видео од неговото пристигнување во Москва, кое е само по себе доволен показател за реномето кој тој го ужива во Русија.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by CSKA Moscow (@cskabasket)

Рајковиќ потпиша двегодишен договор со „црвеноармејците“, со кои следната сезона нема да настапува во Евролигата, туку ќе има за задача да формира спој од младост и искуство и да направи супер-тим, кој веднаш би се борел за трофејот по враќањето на најсилното европско натпреварување.