
Богдановиќ: Никој не веруваше во нас, но го покажавме нашиот квалитет!
Богдановиќ кажа дека никој не верувал во нив пред почетокот на Мундобаскетот, но го покажале својот квалитет.
„Кога почна турнирот никој не веруваше во нас. Можам да кажам дека сум среќен и горд на овие момци. Вложивме многу труд на теренот. Германија со години ја гради оваа екипа и докажаа дека се подобри од нас во моментов“, кажа Богдановиќ.