Американките газат сè пред себе на пат кон златото во Париз

Кошаркарките на САД вечерва триумфираа со 88-74 против Нигерија и се пласираа во полуфиналето на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз.

Американките создадоа двоцифрена предност уште на почетокот на средбата, а до полувреме нивното водство се зголеми на 52-33.

Нигерија во вториот дел продолжи да се распаѓа, а тоа го користеше САД кој стигна и до +30, а на крајот го намали темпото и славеше со 88-74.

Аја Вилсон го заврши натпреварот со 20 поени, додека Амукамара постигна 19 поени за Нигерија.