
Заврши серијата победи на Емил Рајковиќ и ЦСКА во ВТБ лигата
Зенит тргна подобро во мечот, го доби првиот период со 26-18, но ЦСКА Москва комплетно се врати во мечот и во последните десет минути влезе со предност од 64-63. Во финишот Зенит подобро се снајде и на крајот дојде до триумф против големиот ривал од 90-86.
ЦСКА Москва е лидер на табелата со 24 победи и еден пораз, Уникс Казан е втор, трет е Зенит.