Забивање за историја: Даниловиќ пред точно 25 години го прелета џинот Сабонис (ВИДЕО)

На денешен ден, пред 25 години, во Атина се одигра финалето од Европското првенство (ЕП) во кое тогашна СР Југославија ја совлада Литванија (96-90), во меч кој засекогаш ќе се памети по историското забивање на Предраг Даниловиќ над 221-сантиметри високиот џин Арвидас Сабонис.

Тоа дефинитивно е еден од најатрактивните потези во историјата на континенталните собири, кој и ден денеска се прераскажува во суперлативи.