„Партизан одбива да ми ги врати парите со кои треба да си го спасам - животот!“

Душко Вујошевиќ, актуелниот селектор на БиХ најави дека ќе замине на трансплантација на бубрегот и тоа според најавите ќе се случи за три месеци, а дотогаш очекува дека белградски Партизан каде ги доживеа најголемите успеси ќе му ги исплати заостанатите долгови.

Вујошевиќ тажно и болно го нападна Партизан, клубот во кој блескаше и чии навивачи го обожуваа, но црно-белите и понатаму му должат голема сума на пари, за која сега пред трансплантацијата посочува дека ептен му се потребни и дека Партизан со потегот да не го исплати покажува тотално непочитување.

Паризан и Вујошевиќ се договорија на рати во одредена динамика да ги исплати заостанатите долгови, но тоа не било испочитувано, а белграѓани преку дел од ФИБА направил тој долг уште повеќе да се раситни на рати

„Уплатија еден дел, кој е намален за 33 отсто во однос на првите обврски, плус со задоцнување. Не знам што повеќе да кажам. Во ситуација која одам на трансплантација и кога ми требаат пари, тие покажуваат големо непочитување. Очигледно е дека најдоа глувчешки канали преку некои луѓе во ФИБА и да издејствуваат самата ФИБА да не ги почитува диретктно одлуките на БАТ (Арбитражниот суд – н.з.), како ни сопствените правила. КСС не реагира на ваквото однесување на клубот кои ги крши сите правила на ФИБА, а симптоматично е што и поголемиот дел од кошаркарските сојузи во светот истото го прават“, вели гневно Вујошевиќ.

Трофејниот тренер, кој ја создаде модерната партизанова династија во Србија и во регионот, најави дека прво ќе оди на кардиологија за да му биде вграден стент, пред да замине за Истанбул на трансплантацијата на бубрегот.

„Сè оди по планот. Ги направив прегледите во Истанбул, но пред трансплантацијата потребно е да направам некои интервенции на срцето, односно да ставам стент. Се решив тој проблем да го решам во Белград, а потоа треба да мине одредено време за да закрепнам за да заминам во Истанбул, каде треба да ја имам трансплантацијата на бубрег. Според некои проценки тоа ќе се случи за три месеци“, додал Вујошевиќ.