
Тим менаџерот на Црвена Звезда заврши зад решетки поради возење во пијана состојба
Медиумите во Србија тврдат дека тој се обидел да избега, но сепак бил фатен со два полициски автомобили, а при приведувањето му биле измерени 1,7 промили алкохол во крвта. Небојша Илиќ е тим-менаџер на Црвена Звезда од 2001 година, а од 2010 и на српската кошаркарска репрезентација.
Претходно, речиси цела играчка кариера ја помина во Звезда, со исклучок на две сезони во кои настапуваше за шпанскиот Касерес.