Стравична трагедија: Кошаркар на Ц. Звезда почина за време на тренинг!

Голема трагедија денеска го потресе Белград, откако кошаркарот на Црвена Звезда, 27-годишниот Мајкл Оџо починал денеска среде тренинг, најверојатно од срцев удар, објавија српските медиуми.

Нигериецот Оџо во Србија игра од 2017 година, а трагедијата се случила во теретаната на стадионот на лутиот ривал Партизан, каде центарот на црвено-белите имал тренинг и одеднаж колабирал и починал на лице место.

Тој во Србија прво дојде во ФМП, филјалата на Црвена Звезда од Флорида стејт откако не беше драфтуван во НБА, а по една година стана дел од белградските црвено-бели и потоа стигна до трофеите во Суперкупот на АБА, шампионската титула во Србија, како и титулата во регионалното натпреварување АБА-лигата.

Беше еден од најомилените кошаркари кај навивачите на белградскиот гигант.