
Средбите на МЗТ во АБА ќе се пренесуваат и на - македонска телевизија (ВИДЕО)
За „металците“ ова е враќање во јадранското друштво по пауза од четири години, период во кој настапуваа во второлигашката регионална конкуренција и тоа без присуство на македонските телевизии.
Првиот меч е веќе в недела, кога македонскиот шампион ѝ гостува на Црвена звезда, додека првиот пренос од „Јане Сандански“ ќе биде на 10 октомври и тоа против Партизан предводен од најтрофејниот европски тренер, Жељко Обрадовиќ.