Почина кошаркарската легенда Мирко Новосел

Хрватските медиуми утрово објавија дека починал Мирко Новосел, легенда на хрватската и југословенската кошарка. Членот на кошаркарската „Куќа на славни“ ќе остане запаметен како врвен кошаркар и тренер, кој ја прослави Цибона на европската сцена во 80-те години на минатиот век.

По кариерата како кошаркар во Локомотива, која подоцна станува Цибона, како тренер го предводеше тимот до многу титули на југословенската сцена, а потоа ѝ обезбеди два европски пехари на екипата.

Новосел оствари многу успеси и како југословенски селектор. Тој го освои олимпиското злато во Москва, сребро во Монтреал и бронзениот медал на Летните олимписки игри во Лос Анџелес во 1984 година.

Легендарниот кошаркар и тренер со Југославија освои и две европски првенства и сребрен медал на Светското првенство во 1974 година.